Жителите на Нова Земја објавија видео со наезда на бели мечки: Отвораат врати и влегуваат во куќи

Наездата од поларни мечки на рускиот архипелаг Нова Земја трае од декември минатата година. Локалното население сними како мечките се движат слободно пред куќите и влегуваат во зградите.

На архипелагот е воведена вонредна состојба откако на подрачјето на населбата Белушја Губа се забележани преку 50 мечки кои се однесуваат агресивно. Забележани се и случаи на напад врз луѓе и влегување во куќи. 

Бидејќи локалното население се плаши да ги пушти децата во градинките и на училиште, не само најмладите, туку и возрасните организирано одат со автобус на работните места. Сепак мештаните го зачуваа ведриот дух, па така на една снимка на која се гледа како мечка влегува во зграда и, откако ќе се прошета покрај детска количка, незаинтересирано се враќа и заминува, забележуваат дека и дивата ѕверка „ужасната од дотраениот влез“ ја напушта зградата.

Мечките наголемо навикнаа на звуците во урбаната средина и на луѓето, па повеќе не реагираат на звучните и светлосните средства за одбивање, патролните автомобили и кучињата. Бидејќи се работи за заштитени заштитени животни кои не смеат да се убиваат, а притоа многу опасни, тоа создава дополнителни проблеми. Локалната администрација првин се јави со соопштение во кое се вели дека во краен случај, доколку нема други излез, ќе се прибегне кон убивање на животните, а потоа е пронајдено решение. „Росприроднадзор“ упати на островот стручњаци кои подготвуваат хајка. Дивите животни наскоро ќе бидат успиени и депортирани надвор од населбата.

Од Светската организација за природата велат дека причина за масовната наезда на бели мечки врз населените места на архипелагот Нова Земја е промената на климата и исчезнувањето на ледените површини во морето, од кои мечките ловеа фоки, па така животните навлегуваат во крајбрежјето,  но и на неодговорниот однос на луѓето спрема депониите, во кои мечките копаат во потрага по храна.

Нова Земја е архипелаг во Северниот леден океан меѓу Баренцовото и Карското море и административна единица на Архангелската област во Русија. За влез на оваа територија е потребна посебна дозвола.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња