Девојки-дипломирани спасувачи по завршување на школувањето на високообразовните установи на Министерството за вонредни состојби на РФ. Црвен плоштад, Москва.
Максим Блинов/SputnikЗапознајте ги руските спасувачи од женски пол. Тие истражуваат катастрофи, им даваат помош на луѓето во хаварии и несреќи, работат како оператори и кинолози... Вистински спој на убавина и професионализам!
1. Екатерина Проњакина, државна инспекторка за мали пловила.
2. Викторија Грачова, копилот на авион „Сухој Суперџет 100“. На училиште сериозно се занимавала со балет, но неочекувано одлучила да стане пилот. По школувањето на Институтот за цивилна авијација во Краснојарск (Сибир) стапила во служба на МВС на Русија. Сега таа и нејзиниот екипаж возат спасувачи и жртви на природни катастрофи. Викторија вели дека има две нови желби: да стане капетан на екипажот на авионот и да скока со падобран.
3. Светлана Васутинаво Волгоград студира заштита од пожари. Во слободно време работи како фитнес-тренер и води популарен блог на „Инстаграм“. Покрај тоа, сака остро оружје.
4. Татјана Шкробова работи како диспечер во противпожарната служба на МВС на Русија во градот Биробиџан (руски Далечен Исток).
5. Валерија Стародупцева е натпоручник во управата на МВС за Мурманската област. Има звање кандидат за мајстор на спорт во ритмичка гимнастика. Се занимава со прашања на обезбедување и заштита од пожар. Извонредно ракува со оружје!
6. Аљона Степанова заврши на Академијата на МВС на РФ во градот Иваново (Централна Русија). Работи во противпожарната служба.
7. Татјана Мезина е пожарникар во Москва.
8. Олга Минчакова е капетан на интерната служба во Биробиџан. Таа вели дека работата во МВС е најдобрата на светот! Секогаш во својот блог со задоволство разговара за безбедноста.
9. Маргарита Мкртчјан од Подмосковје знае како се гасат пожари. Само фрлете еден поглед на нејзиниот популарен блог на „Инстаграм“ посветен на работата на Министерството за вонредни состојби.
10. Анастасија Паршина им укажува помош на настраданите во вонредни ситуации во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче