Хит фотографија од протести: Американски полицаец со тетоважа „РОССИЯ“

На протестите во Хјустон фотографиран полицаец со тетовирани раце, а покрај различните сликички, убаво се гледа дека со големи букви пишува Русија!

На надлактицата се наѕира и најверојатно називот на некој руски град кој завршува на „...овск“. 

Повеќето руски учесници во преписката на Reddit сметаат дека се работи за Хабаровск. 

„Џандарот има баш сериозни „ракави“. Одлична снимка“, пишува jumpinjackieflash.

„Го знам лично офицерот на фотографијата и можам да кажам дека тоа што го гледаме е вистинска слика за неговиот однос спрема луѓето. Никогаш нема да најдете поголем добар човек кој истовремено е апсолутно лошо момче (badass). Јас секогаш би му ги доверил својот живот и безбедноста на моето семејство“, пишува DavidAg02.

„Ха-ха, тогаш кажи му дека сите сега ги разгледуваат неговите тетоважи. И мал параноиден дел од нашата публика смета дека е руски шпион. Смешно! Се надевам дека грешат“, пишува Belikedis.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња