Италија веќе има поголем број на заразени од Кина во која прво и се појави коронавирусот: преку 59 илјади потврдени случаи, преку 5,4 илјади починати. Во Русија во моментов има 658 заболени од коронавирус.
Денис Проценко вели дека московската болница во Комунарка е подготвена да прими 600 заболени, односно, подготвена е за „италијанското сценарио“.
„Доколку кај нас сé се одвива како во Кина или Јужна Кореја, сé може да заврши во април-мај, мислам дека тогаш лекарите ќе бидат најсреќните луѓе“, рече Денис Проценко во разговорот со рускиот претседател, но и додаде дека треба да се биде подготвен за најлошото.