Зошто Русија прави нова болница за пациентите заразени со коронавирус?

Текот на изградбата на комплексот на нова инфективна клиника, Троицки и Новомосковски административен округ, Москва

Текот на изградбата на комплексот на нова инфективна клиника, Троицки и Новомосковски административен округ, Москва

Агенција „Москва“
Русија нема голем број заразени во однос на бројот на жители, но сепак гради нова болница.

Голем градежен проект

„Во рамките на режимот на зголемена подготвеност донесовме одлука за изградба на мобилен комплекс на нова инфективна болница“, напиша на 10 март годинава на својот сајт градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин. Новата болница ќе биде подигната во најкус рок, за само еден месец, но ќе биде снабдена со најсовремена опрема.

Текот на изградбата на комплексот на нова инфективна клиника, Троицки и Новомосковски административен округ, Москва

Изградбата започна пред две недели. Работниците поставија бетонски темели и сега подигнуваат блок за пациенти кој ќе има 12 објекти. Наскоро ќе се пристапи кон изградба на блок за реанимација, што се уште 16 објекти, вклучувајќи и комплекс за интензивна терапија со 250 болнички кревети.

Текот на изградбата на комплексот на нова инфективна клиника, Троицки и Новомосковски административен округ, Москва

Болницата ќе има површина од 70.000 квадратни метри и ќе може да прими 500 пациенти, вклучувајќи ја и реанимацијата.

Градоначалникот Собјанин исто така спомена дека болницата ќе биде оддалечена 250 метри од најблиската станбена зона, што е речиси трипати повеќе од пропишаното растојание така што жителите на околните населби нема да бидат изложени на ризик.

Подобро да се спречи одошто да се лечи

Текот на изградбата на комплексот на нова инфективна клиника, Троицки и Новомосковски административен округ, Москва

Корисниците на социјалните мрежи малку се загрижени од веста за изградбата на новата болница. „Зошто ако на 100.000 тестирани има само 60 заразени? И да не е можеби доцна?“ пишува еден корисник под веста на Твитер. „Пред една недела медиумите јавија дека за заболените е издвоена цела нова зграда. Ако сега градат нова, за што станува збор?“, прашува еден учесник на форум.

Текот на изградбата на комплексот на нова инфективна клиника, Троицки и Новомосковски административен округ, Москва

Градоначалникот на Москва вака ја објаснува потребата за изградба на болница: секој случај бара хоспитализација на болниот, и уште неколку луѓе покрај него. Во болница се испраќаат сите оние што контактирале со носителот на вирусот, доколку имале и најмали симптоми на вирусна респираторна инфекција.

Resident Evil во Москва

Болницата во населбата Комунарка во која се сместени пациентите за кои се сомнева дека се инфицирани со коронавирус.

Сите пациенти со позитивен тест, како и оние кај кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирус, сега и понатаму се праќаат во карантин, во посебна зграда на болницата во Комунарци (Москва).

Болницата во населбата Комунарка во која се сместени пациентите за кои се сомнева дека се инфицирани со коронавирус.

Додека се во карантин, на пациентите им е обезбеден бесплатен Интернет и пет оброка дневно, вели пациентката на оваа болница Екатерина Назарова. Храната се испорачува во канистери за една употреба. На секој посебно му се носи врела вода. Тестовите на коронавирус се вршат на првиот, на третиот и на десеттиот ден од престојот во болницата. Подот се дезинфицира еднаш до двапати дневно. Забранети се посети, но е дозволенo испраќање пакети. „Сама сум во двокреветна соба. Ходниците се широки и празни, како во корпорацијата Umbrella од Resident Evil“, вели Екатерина.

Болницата во населбата Комунарка во која се сместени пациентите за кои се сомнева дека се инфицирани со коронавирус.

Се случува некои пациенти да избегаат од болница, вели главниот лекар, но не поради лошиот третман, ами поради страв од 14-дневна изолација. „Со определени пациенти разговараат психолози. Треба да се сфати дека карантинот е едно од најефикасните средства“, тврди главниот лекар Проценко.

Болницата во населбата Комунарка во која се сместени пациентите за кои се сомнева дека се инфицирани со коронавирус.

Поголемиот број пациенти во оваа болница се сложуваат со лекарот. Дури имаат снимени и видеоклип во кој апелираат луѓето самите доброволно да се изолираат.

Медицински стационар на територијата на болничкиот комплекс во населбата Комунарци кој ќе прима пациенти за кои постои сомнеж дека се инфицирани со коронавирус.

„Луѓе, кај мене сè е во ред, јас сум одлично. Нормално, зашто сум во изолација во време кога надвор владее пандемија. А, ти не си во изолација“, велат учесниците од клипот. „Шеташ по улица, комуницираш со потенцијално заразени луѓе, во превоз ги фаќаш со рацете истите држачи, и го дишете истиот воздух. Покажи дека си свесен и веднаш преземи одговорност за себе и за своите блиски. Самоизолацијата е единствен начин да се преброди оваа катастрофа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња