Претседателот на РФ го изјави тоа на состанокот што се одржа во текот на посетата на медицинскиот центар.
Телеграм-каналот Mash објави снимка на која се гледа како Путин облекува жолто заштитно одело пред да тргне во обиколка на болницата во Комунарка.
Путин облекува жолто заштитно одело
„Гледав како работат (вработените во болницата), сите се на борбени позиции“, забележа рускиот претседател. „Работата функционира добро и организирано, сé работи како часовник“, додаде тој.
По обиколката на болницата, во придружба на главниот лекар Денис Проценко, Путин истакна дека московската здравствена установа е на европско ниво.
Инаку, заменичката на градоначалникот на Москва за прашања на социјален развој Анастасија Ракова изјави уште на почетокот на овој месец дека болните со акутни респираторни вирусни инфекции кои дошле од земји со неповолна епидемиолошка ситуација ќе бидат згрижени во новиот болнички комплекс во Комунарка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче