Главниот лекар на специјалната болница во Москва одговара на најчестите прашања за коронавирусот

Сергеj Ведjaшкин/Moskva Agency

Зошто во Москва итно се гради болница, ако има малку заразени, и како ефикасно се третира вирусот во Русија - објаснува Денис Проценко, главниот лекар на болницата во која се сместуваат заболените.

За симптомите

Тоа е покачена температура (преку 38 степени), ја имаа сите наши пациенти. Кај некого таа паѓа сама по себе или по еднократно земање парацетамол. Таквите пациенти ги следиме, но не ги лекуваме, тие самите заздравуваат. Тешкиот облик е комбинација од покачена температура, сува кашлица без шлајм, отежнато дишење и намалена содржина на кислород во артериската крв.

За ситуацијата во Москва

Во Москва во моментов се потврдени 62 пациенти заразени со вирусот COVID [во цела Русија има 199]. Додека на почетокот тоа беа млади и мислевме дека со тоа може да се објасни отсуството на тешки случаи кај нас, сега гледаме дека просечната возраст на заболените е околу 37-39 години. Почнаа да се појавуваат тешки случаи, во болницата имаме 6. Ниту еден пациент не е на респиратор. Во Москва имаме околу 5000 исправни респиратори кога станува збор за градските болници. Приватните клиники не ги сметам. Москва е подготвена за вирусот, но ни се потребни повеќе медицински работници.  

Зошто во Русија е толку мал бројот на заболени (само 199)

Во Москва експоненцијално се зголемува бројот на заболени, но е под контрола. Не е како во Италија, каде во петок имаше двајца заболени, а во понеделник 500. Ние се подготвуваме. Во тек е промена на профилот на нашите стационари, се одржуваат тренинзи за анестезиолозите, знаеме како треба да се дејствува, имаме тим волонтери. Малиот број заразени не е никакво чудо, туку резултат на драконските мерки што се применуваат во Москва: следење на контактите, изолација и сл. Спроведуваме многу детално истражување.

За лекувањето на коронавирусот

Кај повеќето наши пациенти COVID поминува само после еднократно земање парацетамол, затоа што се млади. Но имавме и пациент на 44 години, што не спаѓа во ризичната група, но е пушач, што е од важност. Тој помина 9 дена на реанимација. Затоа што никој не рече дека сме сите исти. Сите ние сме многу генетски различни. Некој поднесува температура од 37,5 дури и без да го забележи тоа, а некој со таква температура не може ни да стане ни да оди на работа.

Зошто Москва итно гради посебна болница ако е сé под контрола

Затоа што секогаш постои план Б. И во тој план Б подобро е малку да се претера и потоа да се испадне смешен, затоа што за еден месец сте подигнале болница, а не ви била потребна, отколку да се случи италијанското сценарио. Тоа е главната идеја и во нејзината основа се луѓето.

Зошто епидемијата во Вухан запре  

Мислам дека таму се применети строги мерки на карантин. Разговарав со стручњаците кои одеа во Вухан. Мислите дека Кинезите покажаа нешто некому? Таму очигледно беа применети многу строги карантински мерки кои се непопуларни. Можеби затоа што во Москва спроведуваме строго следење на сите контакти на заболените, другите милионски градови засега можат да бидат мирни.

За мерките на заштита и изолација

Имам две замерки кога се работи за англиското сценарио [тоа предвидува дека целата популација треба постепено да го прележи заболувањето од вирусот за да се создаде колективен имунитет]. Пред сé, меѓу старата популација постојат пациенти врзани за постела и пациенти кои преживеале мозочен удар и ним им е потребна нега. Што ќе правиме со нив? Како второ: додека не дознаеме дали во наредните 3-4 месеци ќе дојде до повторна епидемија, нема да можеме да кажеме дали постои таков стекнат имунитет и дали ќе го има. Затоа италијанскиот пат на изолација со паралелна работа над вакцина мене ми се чини похуман. Гледајќи што се случува во Италија, сметам дека Москва треба да се затвори. И да се укине каршерингот.

Кога ќе заврши пандемијата   

Ако го следиме кинеското сценарио, се надевам дека сé ќе заврши во мај или јуни. Ако тргнеме по италијанскиот пат и дојде до нагол пораст на заболените, ќе сметаме дека септември е „добра варијанта”.

За точноста на тестовите  

Тестот го правиме три пати. Сé уште ниту еднаш не сме виделе на почетокот да се појави позитивен резултат, а на крајот без лекување негативен.

3 нешта кои сите треба да ги правиме сега

Не треба да се паничи. Треба да се следат сите упатства кои ги објавуваат официјалните медицински власти. И да се чуваат старите граѓани. Тестовите се потребни само за ризичната група. Ако ве гребе грлото и имате покачена температура, изолирајте се, тоа е најефикасно. Да се оди преку цел град заради тестирање може да биде штетно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња