Мигранти од САД: Руските шуми ги нападна американска вошка

Global Look Press

Во руските шуми се насели американска јасенова вошка. Првите инсекти кои обично не одат подалеку од западна Европа се идентификувани во Русија пред една и пол година, меѓутоа, во овој момент нивниот број е значително зголемен, тврдат стручњаците на Руската академија на науки.

„Како стигнала вошката од западна Европа до нас можеме само да нагаѓаме. Постои вид на овој штетник кој можеле да го донесат силните ветрови“, рече Андреј Бењковски од Институтот на РАН.

Според зборовите на стручњаците, ширум руските градови расте пенсилваниски јасен кој потекнува од Северна Америка и кој се покажа како многу отпорен на студ. Токму него го напаѓа американската јасенова вошка цицајќи го сокот од лисјата и лачејќи течност од која првин лисјето се витка, а потоа и се суши.

Колонии со американска јасенова вошка се формирале во огромен обем во Воронеж. Јасените изгледаат како изгорени, погоден е поголем дел од крошните. Борбата против лисните вошки ја отежнува забраната за примена на какви било хемиски средства во градовите, вели Бењковски. Според експертите, наездата може да ја победи само друг инвазивен инвазивен вид, разнобојната азиска бубамара од Источна Азија.

Во Русија до 2024 година ќе биде реализиран националниот проект „Екологија“. Во текот на следните пет години се планира стопроцентна обнова на исечените и уништените шуми, кои ќе бидат рехабилитирани на зголемена површина од 1,55 милиони хектари. Притоа, штетата од шумските пожари треба да биде речиси тројно намалена - од 32,5 на 12,5 милијарди рубли.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња