Се работи за додаток на исхраната базиран на хитин што ќе им помага на заболените од хипертензија и атеросклероза.
Руски стручњаци во областа на биотехнологиите од Универзитетот ИТМО развиваат биододаток на храната заснован на хитин, изолиран од оклоп на скакулци, пренесуваат руските медиуми.
Професорот на Факултетот за прехранбени биотехнологии и инженеринг Александар Ишевски изјави за весникот „Известија“ дека новиот додаток би можел да ги замени концентратите во прав добиени од месни отпадоци, како што се кожата, роговите и копитата, и се користат кај полу-готовите производи, заради зголемување на хранливат вредност, на пример, во производството на колбаси и виршли. Руските научници се пофалија и дека работат на додаток на исхраната базиран на отпад во индустријата за преработка на риба, односно изолиран од лушпа на ракови.
Како што предупредуваат стручњаците, светот се соочува со сериозен недостиг на животински протеини, чија цена расте од седум до единаесет отсто годишно. Александар Ишевски тврди дека содржината на протеини во егзоскелетот на скакулецот варира помеѓу 13 и 77 отсто од сувата маса, што е повеќе отколку кај говедското месо. Преработениот мелен оклоп на скакулец е богат и со железо (повеќе отколку кај спанаќот) и витамини Б (има повеќе витамин Б12 отколку кај лососот). Се претпоставува дека таквиот додаток на исхраната би го зголемил квалитетот на производот. Освен во колбасите, би можел да се најде и во млечните производи, но исто така и во лебот и печивата. Додатокот со висока содржина на хитин и хитосан ќе овозможи започнување на линија на медицинска исхрана наменета за оние кои страдаат од атеросклероза, труење од радијација и хипертензија.
Во експериментите стручњаците користеа краснодарски и јужноафрикански скакулец, но експериментите продолжија само со последниот. Во африканските земји скакулците стотици години се користат во исхраната и се сметаат за вредна намирница.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче