Русите го одбраа најдобриот цртан филм, а тоа не е „Маша и мечокот”

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Серускиот центар за испитување на јавното мислење (ВЦИОМ) состави ранг-листа на омилените анимирани филмови во Русија.

На првото место се наоѓа советскиот цртан филм „Ну, погоди!“, за кој гласаа 65% од испитаниците, пренесува „Лента.ру“. Втората позиција ја зазеде „Одмор во Простоквашино“ со 31 % гласови, а третата цртаната серија „Маша и мечокот“, која ја преферираат 16 % од руските граѓани.

Меѓу омилените цртани филмови во Русија се и „Вини Пу“ (13 %), „Чебурашка и крокодилот Гена“ (10 %), „Мачорот Леополд“ и „Еже в магла“ (по 8%).

Анкетата е спроведена во цела Русија во јуни 2019 година. Во неа учествуваа 1,6 илјади испитаници постари од 18 години. Користен е методот на телефонско интервју.