Еже в магла

Најдобар анимиран филм на светот на сите времиња и на сите народи.


За македонски превод притиснете „СС“.
Откако на нашиот сајт имавте можност да дознаете кои се „Петте омилени советски цртани филмови“, а и да видите како „Ежето во магла“ го освојува светот на порцеланот, еве го конечно тој култен цртан филм „Еже в магла“!
Направен е во стоп-анимација техника, според приказната за деца на сергеј Козлов. „Еже во магла“ ја носи официјалната титула „најдобар анимиран филм на светот на сите времиња и на сите народи“. Според мислењето на 140 аниматори од целиот свет, кои во 2003 година одлучуваа за 20 најдобри анимирани филмови направени дотогаш, „Еже во магла“ на Јуриј Норштејн го зазеде првото место. „Еже во магла“ е ремек-дело на уметноста на анимацијата, полно со напрегнатост и емоции кои не се карактеристични за детските цртани филмови. Дејствие нема – малиот Еж тргнува во посета на својот другар Мечето и се наоѓа во густа магла. Останатиот дел од филмот го прикажува патувањето на Ежето проследено со впечатлива музика, додека визијата и стварноста се преплетуваат во маглата. Филмот ја пренесува убавината и неизвесноста на природата во нијанси на сиво и кафеаво. Како кај сите големи уметнички остварувања, пораката на авторот може да биде толкувана различно, но едно е извесно – „Еже во магла“ остава впечаток на сите што го гледаат, без разлика дали станува збор за возрасни или за деца. Овој филм неспорно ужива култен статус во поранешните советски републики. На церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи „Еже во магла“ покрај „Спутник“, Периодниот систем на елементи, Толстој и Достоевски беше претставен како големо достигнување на руската цивилизација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња