Објавена првата снимка на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во кабриолетот „Аурус“

Скриншот

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу првпат во генералната проба за Парадата на Победата на Црвениот плоштад учествуваше во рускиот кабриолет „Аурус“.

Овој настан во вторникот, 7 мај, беше директно пренесуван од Ruptly на „Јутјуб“. На снимката се гледа како министерот ги поздравува војниците стоејќи во автомобилот кој се движи покрај стројот.

Исто така, забележан е и моментот на пробата за парадата со оркестарот, кој го почнува изведувањето на композицијата „Света војна“.

Претходно руското Министерство за одбрана за РИА „Новости” соопшти дека „во Парадата на Победата оваа година ќе учествуваат малку повеќе од 13 илјади луѓе и 132 единици техника, како и 74 авиони и хеликоптери“. Кабриолетите Aurus првпат учествуваат во оваа манифестација.

Прочитајте повеќе: Првпат без камуфлажа: Еве како изгледа парадниот кабриолет „Аурус“ (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња