Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров зборуваше за карактеристиките на кабриолетот Aurus, направен врз основа на техничкото барање од Министерството за одбрана на РФ за да го замени на Парадата на Победата автомобилите од марката ЗиЛ.
Министерот истакна дека свечениот кабриолет поседува високо ниво на унификација со седанот Aurus Senat. Возилото е изработено врз основа на заедничка модуларна платформа, опремено е со хибриден погонски агрегат врз база на V8-мотор од 600 коњски сили, автоматски менувач со 9 степени на пренос и постојан погон на четири тркала.
Според министерот, предниот дел на свечениот кабриолет со карактеристично незаборавно „лице“ изгледа исто како кај седанот, но „сè што се наоѓа зад предниот столб претрпе значителни промени“.
„Во споредба со седанот, значително е променета линијата на каросеријата ако се погледне автомобилот отстрана. Линијата на рамката е подигната што, заедно со намалениот клиренс, овозможи поаеродинамичен облик“, рече Мантуров. Освен тоа, според него, врататите на свеченото возило се зголемени за да се олесни сместувањето на патниците на задните седишта.
Мантуров додаде дека свечениот кабриолет има дополнителна дршка и столб со микрофон, кои се дизајнирани во ФГУП „НАМИ” со користење специјална макета. За преслекување на ентериерот се користени материјали од руско производство кои овозможуваат парадите да се одржуваат и на дожд и на снег. За заштита од непогоди автомобилот е опремен со мек преклоплив покрив.
Министерот за индустрија и трговија на Русија истакна дека според управувачките параметри и стабилноста овие автомобили не заостануваат зад најдобрите современи модели, додека по специфичната сила надминуваат многу од нив.
Како што претходно беше соопштено, министерот за одбрана на Русија генерал Сергеј Шојгу и командантот на Копнените сили генерал Олег Саљуков ќе учествуваат во Парадата на Победата на Црвениот плоштад во кабриолети Aurus. Во моментов овие возила (две основни и едно резервно) ги минуваат последните тестирања на пробите. Подоцна ќе се најдат во состав на 147-та автомобилска база на Министерството за одбрана на Русија.
Новите кабриолети учествуваа на 17 април во подготовките за воената Парада на Победата на плоштадот во подмосковско Алабино. Пред тоа беа повозени по Црвениот плоштад. Кабриолетите, исто така, учествуваа и во првата ноќна проба за Парадата на Победата на во центарот на Москва која заврши во понеделникот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче