Фабриката за производство на автомобили од Улјановск (УАЗ) пласираше на рускиот автомобилски пазар нова верзија на својот легендарен модел на комбе „Буханка“ (векна). Новата модификација го доби називот „Комби Трофи“ и е наменета првенствено за совладување екстремно тешки терени.
Возилото е конструирано на платформа УАЗ Комби. Новитетот доби заштитена боја на каросеријата, челични фелни во црна боја, багажник за експедиции сместен на покривот и скалила кои водат до него.
Опционо новата „Буханка“ е снабдена со предни седишта со грејачи, лизгачки прозорчиња, нови рачки за вратите, како и со клуч за палење кој се користи и за отворање на вратите на автомобилот. Меѓу подобрувањата на новиот модел „Комби Трофи“ со погон на четири тркала и блокада на дирефенцијалот во споредба со стандардните се и теренските гуми BFGoodrich R15 225/75. Автомобилот е опремен со 2,7-литарски моторо ЗМЗ-40911 од 112 коњски сили со петстепен менувач BAIC.
Почетната цена на новиот автомобил вклучувајќи ја и специјалната понуда изнесува 656910 рубли (околу 8700 евра).