Независни дизајнери се обидоа да одговорат на хипотетичкото прашање како во иднина би можела да изгледа легендарна та „Буханка“. Така на порталот за автомобили „Колеса.ру“ се појави компјутерски приказ на возилото УАЗ-450, познато како „Буханка“ (векна), кој ги следи современите трендови во дизајнот на автомобили.
Новый УАЗ «Буханка»: каким он может быть https://t.co/mWdNxNKKNbpic.twitter.com/b1HBZtMWjY
— Kolesa.Ru (@Kolesa_Ru) 23 January 2019
Иако имаше премногу гласини за обновувањето на „Буханка“, нејзината судбина е неизвесна. Според пишувањето на руските портали за автомобили, сепак, се чини дека производството на нова генерација на ова комбе не е во план и дека познатиот модел ќе се изработува во стандардната верзија која е непроменета од 1965 година.
Дизајнерите на порталот „Колеса.ру“ осмислувајќи ја новата „Буханка“ најверојатно биле инспирирани од концептот на Volkswagen ID Buss, пренесуваат медиумите. Без оглед на апсолутно новиoт стил и дизајн, тие настојувале да ги зачуваат автентичните контури на овој модел, вклучувајќи ги тркалезните фарови, трапезоидната маска на ладилникот, како и трепкачите.
Судејќи според компјутерскиот приказ, дизајнерите инсистирале на карактеристики на теренско возило кои се рефлектираат во зголемениот клиренс, тркалата со голем пречник, како и во кратките браници.
Улјановската фабрика за автомобили, на која дизајнерите со новата „Буханка“ ѝ фрлија ракавица, ја претстави новата верзија на камионот ПРОФИ со опрема за возење на гас. Првите модели ќе бидат во продажба веќе наредниот месец.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче