Се вели дека „секој кој бил во војска или барем поминал покрај касарна знае за познатата „Векна“, како што популарно се нарекуваше руското комбе УАЗ-452“, па и сите негови модификации се проследени со интерес.
Старата добра „Буханка“
Виталиј В. КузминКако што врз основа на скицата може да се забележи, дизајнот на познатото товарно-патничко возило од руско производство потсетува на моделот „Шкода Јети“. Автомобилот доби поскладни кривини на каросеријата и повеќе не личи на „Буханка“, пренесуваат руските медиуми.
Многу корисници се воодушевени од дизајнот на автомобилот и со нетрпение го очекуваат сериското производство, меѓутоа некои сметаат дека неговиот изглед е премногу „гламурозен“. Сепак, засега не е познато дали претставениот концепт ќе биде и реализиран, барем како прототип. Улјановската фабрика за автомобили не се огласи во поглед на плановите околу редизајнот или развојот на нова генерација на овој модел.
Прочитајте повеќе: Како од стар УАЗ направија опасен теренец
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче