Во серијата луксузни „Цар-телефони“ се појави и мобилен уред посветен на Иван Грозни

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот производител на луксузни мобилни телефони Caviar пласираше на пазарот нова серија од колекцијата „Цар-телефони“ под називот „Основачи“.

Во серијата посветена на владетелите и основачите на династии и држави се наоѓа и телефон настанат во чест на рускиот цар Иван Грозни. Уредот со тастатура има шестоаголна форма, обложен е со црвена кожа од алигатор и црн оникс и украсен со грбот на Русија и златни орнаменти.

Покрај тоа, рускиот производител во понудата има и специјален телефон за клиентите од Обединетите Арапски Емирати, направен во чест на шеикот Заед бин Султан ал Нахајан.

Телефонот „Златниот шеик“ целиот е направен од злато. Уредот тежок 300 грама чини 2, 4 милиони рубли (32000 евра). Овој модел е изработен во седум примероци, според бројот на обединетите емирати.

Меѓу луксузните телефони на руската марка Caviar се наоѓаат и оние посветени на Карло Велики, кинескиот цар Чин Ши Хуанг, виетнамските полумитски кралеви и други владетели, со почетна цена од 239 илјади рубли (околу 3000 евра).

Рускиот производител на луксузни телефони кон крајот на јануари претстави „Цар-телефон“ со копчиња посветен на викинзите, на родоначалникот на кнежевската, подоцна царската династија Рјуриковичи во стара Русија, и на данскиот воин Рагнар Лодброк. Телефонот е во облик на шестоаголник и потсетува на меч.

Прочитајте повеќе: Претставен луксузен телефон опточен со злато во чест на крстителот на Русија