Претставен луксузен телефон опточен со злато во чест на крстителот на Русија

Caviar

Во чест на кнезот Владимир, кој во X век ја покрсти Русија, познатиот руски производител на луксузни телефони Caviar пласираше нов модел на уреди од серијата „Цар телефон“. Предната страна на телефонот со копчињата е украсена со златна китнеста рамка, додека на задната, на позадина со богата орнаментика во стар руски стил, се наоѓа голем крст. Телефонот е обложен со злато и чини 279 илјади рубли (околу 3700 евра), пренесуваат руските медиуми.

Постои и верзија на „православен“ телефон за претприемачи. Златната позадина со крстот на овој модел е заменета со релјефна природна црна кожа од најфина изработка.

Телефонот е посветен на киевскиот кнез Владимир Свјатославич, познат во народната поезија како Красно сонце, за чие време на владеење христијанството во Русија стана државна религија, а црквата го прогласи за светец. Првите модели од серијата „Цар телефон“ се посветени на викинзите Рјурик и Рагнар. Место крст имаат викиншки меч и чинат 199000 (2653 евра) односно 229 илјади рубли (3053 евра).

Прочитате повеќе: Во продажба iPhone од злато за „Златната доба на Владимир Путин“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња