На почетокот на декември минатата година на југозападот на Хабаровскиот крај се активираше лизгање на земјиштето и врз реката нагрна дел од ридот создавајќи на тој начин пречка за проток на водата во вештачкото езеро на Бурејската хидроцентрала. Воените инженери ја расчистуваат новонастанатата пречка со кревање на карпите во воздух.
Денеска беше изведена петтата по ред серија експлозии. Беа применети десет тони ТНТ.
Овој пат на воените инженери им појде од рака да ја отстранат преградата меѓу направениот канал и горните слоеви вода. Низ пробиеното корито конечно потече вода.
Заменик-министерот за одбрана на РФ Дмитриј Булгаков соопшти дека според процените низ ова корито сега протекуваат 200-250 кубни метри вода во секунда. Првата фаза на работите е завршена. Планирано е втората фаза да се заврши до 18 февруари.
Од министерството прецизираат дека од почетокот на работите е направено корито долго преку 160 метри и широко 35 метри.
Претходно беше истакнато дека поради лизгањето на земјиштето постои опасност од поплавување на селото Чекунда и поради тоа се решава прашањето за евакуација на жителите. Приближно е пресметано дека нивно преселување би чинело околу 300 милиони рубли.
На почетокот се мислеше дека лизгањето на земјиштето е можеби предизвикано од пад на метеорит, но научниците набргу ја отфрлија таа претпоставка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче