Руската војска предизвика серија контролирани експлозии на Бурејското вештачко езеро во Амурската област. Снимката од најсилната експлозија ја објави телевизијата RT.
Се наведува дека воените инженери употребиле речиси 20 тони ТНТ. Во тек е расчистување на местото на експлозијата, се работи на проширување на коритото на реката.
Во декември на подрачјето на реката Буреја, која се влева во вештачкото езеро на Бурејската хидроцентрала, дојде до натрупување на мраз кое го забави протокот на вода и предизвика подигање на нивото на водата. Локалните власти тврдат дека застојот на водата предизвикал рушење на врвот на ридот во реката поради пад на метеоритот, додека рускиот хидрометеоролошки завод објаснува дека до рушење дошло поради лизгање на земјиштето. Натрупувањето на мразот би можело да предизвика поплавување на околните населби и затоа на помош е повикана војската.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче