Рускиот производител на луксузни телефони Caviar пушти во продажба луксузен паметен телефон со тастатура наречен „Цар-телефон”.
Уредот е направен во форма на викиншки меч, а посветен е на првиот кнез на Стара Русија Рјурик, пренесуваат руските медиуми.
Caviar
”Цар-телефонот” во вид на шестоаголник е направен од титаниум. Во изработката се користени и бело злато, кожа и карбон, а посебно внимание привлекува софистицираното дизајнерско решение со блескавата круна во две бои.
Caviar
Како што наведува производителот, асоцијацијата на мечот не е случајна. Дизјанерите нашле инспирација во вооружувањето на средновековните воини, сметајќи дека современиот маж, исто како и викингот во средниот век, секојдневно се бори и го освојува светот, само што во рацете нема достојно оружје, па затоа тоа би можел да биде телефонот.
Caviar
Кога се во прашање техничките карактеристики, уредот е базиран на моделот Nokia 6500 и работи на оперативен систем Nokia S40 5th Edition. Според пишувањето на информативните агенции, почетната цена на екстравагантниот новитет изнесува околу 180 илјади рубли (околу 2500 евра).