„Премиерата на новата серија „Последниот император“ е пуштена во продажба по повод одбележувањето на стогодишнината од октомврискиот преврат како знак на почит и сеќавање на една од најважните епохи и една од најважните личности во руската историја кои ги збриша бранот на црвената револуција“, соопшти компанијата. Цените на телефоните се движат од 139 илјади рубли (повеќе од 2000 евра) па нагоре.
Првиот модел под називот „Вера” претставува смартфон од црн титаниум со изгравирана позлатена икона и натпис „Пресвета Богородице, моли го Бога за нас”. Другиот дизајн е посветен на руската империја: на средината на позадината на телефонот се наоѓа слика на царскиот грб во боја со црниот двоглав орел.
Третата варијанта на телефонот е посветена на Николај II, последниот руски цар. Камерата е врамена во златен царски ловоров венец, а долу се наоѓа натпис со името на рускиот владетел.
Компанијата Caviar е основана од италијанскиот златар Елaја Ѓакомети. Првиот модел на овој бренд беше презентиран 2001 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче