Во продажба iPhone од злато за „Златната доба на Владимир Путин“

Caviar
Рускиот бренд на луксузни паметни телефони Caviar нуди iPhone X со нов дизајн во чест на победата на Путин на претседателските избори 2018.

На новиот позлатен од сите страни смартфон се гледа Кремљ, грбот на Русија, а околу портретот на претседателот на англиски пишува „Златната доба на Владимир Путин“ (The Golden Age of Vladimir Putin).

Тука се и зборовите на Владимир Путин, се разбира, на руски: „Настроени сме за најдобрата иднина и ќе се избориме за неа“.

Целосно позлатениот iPhone ателјето Caviar прави првпат од 2015 година.

Тоа е најдобриот златен претседателски телефон, велат дизајнерите на брендот Caviar. Телефонот ќе биде пуштен во продажба денес, 20 март, по цена од 269000 рубли (околу 3800 евра).

Прочитајте повеќе за Putin Team: Нов дизајн на моделот iPhone X

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња