Во редакцијата на порталот „Ѕвезда“ пристигна фотографија од огромен був кој слета на балконот на еден стан на 41 кат на солитерот на „Дмитровское шосе“ во Москва. Огромната птица на оградата на балконот одеднаш забележа дека ја фотографираат. Во станот во тој момент имаше и мачор кого бувот го здогледа. А потоа се наведна и го втренчи погледот во станот претчувствувајќи некаков марифетлук.
Лична архива
Не е познато како бувот се најде во градот и каква е неговата понатамошна судбина.