Портпаролот на руското МНР Марија Захарова опиша на својата Фејсбук страница еден интересен настан од 14 декември во Москва.
Нејзините колеги тоа утро забележале був во крошната на дрво покрај една од зградите на Министерството за надворешни работи на Москва, пишува таа. Меѓутоа, бувот бил во опасност – го напаѓале чавки. А тој не се бранел, ниту се обидувал да избега.
Тогаш службениците во МНР на РФ ја симнале птицата од гранка, ѝ направиле мало гнездо во кутија, ја покриле со ќебе и почекале да дојдат ветеринари. Се претпоставува дека птицата си го повредила крилото. Бувот е засега на лекување, а Захарова вети дека ќе го следи развојот на ситуацијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче