Можат ли јастребите на Кремљ да пресретнуваат дронови?

Илја Питалев/Sputnik
Очигледно не, но немојте сѐ уште да ги отпишувате.

Московскиот Кремљ има многу вработени, меѓу кои и неколку јастреби и еден голем був. Птиците се користат за контрола на популацијата на локалните чавки, но еден новинар неодамна ги праша властите за можноста за соборување беспилотни летала со помош на грабливките.

„Во Европа се користат птици за такви цели“, изјави извор од органите на редот и мирот за РИА „Новости“. „Но, треба да разбереме дека женскиот јастреб тежи околу 1,2 до 1,4 килограми. Тоа не е доволна тежина за пресретнување дури и на мали дронови. Нема таква задача сега, но е можно теоретски. Подобро е да се користат соколи за оваа задача, а не јастреби“.

Прочитајте зошто посебна дивизија птици-грабливки го чува Кремљ?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња