Анкета: Колку се Русите запознаени со репресиите во СССР

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Анкетата покажа дека 47% од младите во Русија не знаат ништо за репресиите во СССР за времето на владеењето на Сталин, соопшти Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Притоа 80% од испитаниците знаат за репресиите што се случувале од 20-те до 50-те години на 20 век, се наведува во соопштението објавено на сајтот на ВЦИОМ.

35% од анкетираните соопштија дека некој од неговите роднини бил жртва на репресија. 14% изјавија дека добро ја познаваат нивната судбина, 16% дека знаат само во општи црти, додека 5% не знаат ништо за судбината на своите предци.

91% од испитаниците дознале за репресиите во рамките на своето семејство од раскажувањата на роднините.

Иницијалната анкета е спроведена на 14 септември. Вкупно се опфатени 1,6 илјада испитаници. Како метод е користено телефонско интервју. Максималната грешка при таквите анкети изнесува 2,5%.

Прочитајте повеќе: Зошто советскиот народ не веруваше дека Сталин е жесток тиранин