Аверзија кон фактите: Кои се вистинските размери на Сталиновиот терор?

Ројтерс
Во текот на осумдесеттите и на деведесеттите години од минатиот век Русите мислеле дека вистинските размери на Сталиновата голема чистка (1936-1938) никогаш не биле видливи. Тогаш многупати беше повторувано дека се убиени многу повеќе луѓе, одошто е напишано во официјалните извештаи. Минаа 80 години од тие злокобни репресии кои му нанесоа штета на Советскиот Сојуз и сега е вистинско време да се осврнеме на руското општество од крајот на 20 век и да погледнеме како тоа се соочувало со суровата вистина за своето минато.

„На почетокот од деведесеттите години од минатиот век често доаѓав во допир со статистика поврзана со советскиот терор. Според моите процени, за време на целиот период на советскиот режим безбедносните сили имаат уапсено 7.1 милиони луѓе. Меѓутоа, руското јавно мислење е дека во периодот од 1937 до 1939 година се уапсени околу 12 милиони лица. Поради тоа кренав рака од своите процени и долго време не се занимавав со нив“.

Ова го раскажува Арсениј Рогински, директор на невладината организација „Меморијал“ кој се занимава со историја и со граѓанското право и тежнее да „даде придонес во откривањето на вистината за историското минато и да ги овековечи сеќавањата на жртвите на политичките репресии“.

Како еден од основачите на „Меморијал“ Рогински секако сторил многу кога станува збор за собирање и ширење информации за жртвите на политичкиот прогон во СССР.

Од друга страна, неговите процени сведочат дека мислењето за бројот на „Сталиновите жртви“ кое беше популарно кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години од минатиот век, е сепак под знак прашање. Тогаш атмосферата во општеството беше толку вжештена што дури ни угледните историчари не сакаа да објавуваат „неугодни“ резултати од своите истражувања, иако тие резултати беа добро проверени и засновани на факти. Доколку се погледне бројот на „Сталиновите жртви“ кој тогаш беше во оптек и на кој му се веруваше, јасно е зошто Рогински не избрзал со објавувањето на своите податоци.

Нестварни бројки

Александар Солженицин, познат дисидент чија книга „Архипелагот ГУЛАГ“ беше популарна за време на перестројката на Горбачов, е еден од oние кои најмногу влијаеја на ставовите во врска со ова прашање. Во својата книга тој споменува 66.7 милиони жртви на советскиот режим од 1917 до 1959 година.

Александар Солженицин излегува на слободф. Коктерек, Казахстан, март 1953. Солженицин во 1945 година е осуден на 8 години тешка работа, а потоа на прогонство. / Непознат авторАлександар Солженицин излегува на слободф. Коктерек, Казахстан, март 1953. Солженицин во 1945 година е осуден на 8 години тешка работа, а потоа на прогонство. / Непознат автор

Најголемиот советски весник „Комсомолска правда“ во 1991 година објави интервју на Солженицин за шпанска телевизија каде на овој број се додадени уште 44 милиони жртви. Тоа беа советските граѓани кои ги изгубија своите животи за време на Втората светска војна. Така бројот на Сталиновите жртви порасна на 110 милиони. Но, во Советскиот Сојуз пред Втората светска војна вкупниот број жители изнесувал 170 милиони, за што сведочи пописот од 1939 година. Јасно е и очигледно дека овие бројки се контрадикторни.

Советската јавност беше хранета со овие бројки од страна на дисидентите, но исто така и членовите на Комунистичката партија. Историчарот Рој Медведев во 1990 година стана член на Централниот комитет на КПСС. Тој тврдеше дека во Советскиот Сојуз од 1927 до 1953 година во политичките репресии се убиени 40 милиони лица.

Покрај дисидентите и официјалните лица на Комунистичката партија, жртвите на Сталиновите репресии ги пресметуваа и професионалните историчари на Запад. Научникот Роберт Конквест го воведе терминот „големиот терор“. Тој тврди дека во СССР на крајот на 1939 година во затворите имало околу 9 милиони луѓе.

Една од последните фотографии на поетот Осип Мандељштам, 1938 година, Фотографија од архиваЕдна од последните фотографии на поетот Осип Мандељштам, 1938 година, Фотографија од архива

Овој број е нешто помал од претходните, но и тој е петпати поголем од вистинската состојба. Историчарот Виктор Земсков, кој се смета за еден од водечките стручњаци во оваа област, ги проучил статистичките податоци на советскиот затворски систем (Рогински вели дека советските власти внимателно ги документирале сите апсења) и пресметал дека до 1940 година во советските затвори и логори за воени заробеници имало 1.9 милиони луѓе.

Некогашните политички репресии денес носат политички поени

Тогашниот шеф на КГБ Владимир Крјучков во 1990 година рекол дека од 1930 до 1953 година се затворени речиси 3.8 милиони луѓе, а 786.000 се осудени на смрт. Професионалните историчари не ја доведувале во прашање прецизноста на овие бројки.

Своетски политички функционер Григориј Зиновјев. Непознат автор. Своетски политички функционер Григориј Зиновјев. Непознат автор.

Земсков вели дека тогашната јавност едноставно не сакала да му верува на Крјучков, сметајќи дека тој број е фалсификуван, и во врска со ова прашање се потпира на „Архипелагот ГУЛАГ“ со своите десетици милиони жртви.

Со оглед на фактот дека советските власти за само две години (1937-1939) имаат потпишано над 600.000 смртни пресуди, бројот кој го изнесува шефот на КГБ делува прифатливо и веродостојно. Ова, сепак, не е доволно за јавноста и се поставува прашањето како е тоа воопшто можно. Зошто народот бил склон да верува во преувеличени процени и да ги отфрла фактите?

Сергеј Корољов во затвор, 1938. Фотографија од архиваСергеј Корољов во затвор, 1938. Фотографија од архива

Сергеј Кара-Мурза, социолог по советска историја, смета дека тој го има одговорот на ова прашање. Тој се сложува дека чистките во текот на триесеттите години од минатиот век се болен феномен за руската историја, но тврди дека „за ова прашање не може да биде извршена објективна анализа“.

„Болката што е предизвикана со губењето на толкав број животи сè уште е премногу голема, така што секој обид за непристрасна анализа делува како нешто неморално. Роднините, па дури и синовите на политичарите убиени во текот на триесеттите години од минатиот век, продолжија да играат важна улога во политичкиот живот во текот на репресијата“, пишува Кара-Мурза. „И самата претстава за репресиите е толку моќен политички инструмент што средствата за нејзино креирање и за нејзина примена се чуваат и се штитат со стриктна, иако не секогаш очигледна цензура“.

Мислата на Кара-Мурза за репресиите како политички инструмент денес во целост се поклопува со она што политикологот Марија Липман го има напишано во весникот „Foreign Affairs“ за влијанието на кампањата насочена на десталинизација за време на перестројката, каде централното место го зазема темата за теророт на Сталин.

Наталија Солженицина, сопругата на писателот Александар Солженици, емотивно реагира при отворањето на музејот на историјата на ГУЛАГ, 2015 година / APНаталија Солженицина, сопругата на писателот Александар Солженици, емотивно реагира при отворањето на музејот на историјата на ГУЛАГ, 2015 година / AP

Десталинизацијата „радикално го делегитимираше комунистичкиот режим. Падот на советскиот комунизам во 1991 година е проследен со распад на Советскиот Сојуз“

Звучи малку парадоксално, но процесот на десталинизација кој го разниша и на крајот го урна Советскиот Сојуз не секогаш бил заснован на вистина и на факти.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња