Руската Воена морнарица на вежби во Средоземното море користеше длабински бомби

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската Воена морнарица користеше нови борбени системи на своите први големи маневри во Медитеранот.

Во текот на вежбите во Средоземното море, бродовите на руската Воена морнарица користеа длабински експлозивни полнења од системот РБУ-6000. Со помош на нив е одбиен „напад“ од подморници на конвенционален противник. Беше отворан оган и од системите АК-130 и АК-630 против воздушни и копнени цели.

Како што соопштува РИА „Новости“, поставените цели се успешно реализирани. Освен тоа, на вежбата се вршени и мерки и постапки за барање и следење на подморници.

„Таквите вежби се неопходни за да знаеме колку сме оспособени за употреба на новата опрема што е монтирана на бродовите“, ги пренесува агенцијата зборовите на началникот на штабот на морнаричката група која реализираше вежбата, капетан прва класа Андреј Солошин.

Овие големи маневри се вршени во периодот 1-8 септември. Во нив учествуваа 26 бродови, вклучувајќи и две подморници и 34 авиони на Воената морнарица и Воздушно-космичките сили на РФ. Тоа беа и првите такви вежби во Медитеранот за силите на современа Русија. На вежбите се вршеше и ракетирање од бродови, хеликоптери и авиони.

Прочитајте повеќе: Русија предупреди дека на маневрите во Средоземното море ќе летаат ракети