Посадата на „Адмирал Пантелеев“ одби „напад“ од море и од воздух во Јапонското море

Wikipedia

Посадата на големиот противподморнички брод „Адмирал Пантелеев“на маневрите на руската Тихоокеанска флота во заливот Петар Велики во Јапонското море одби напад од воздух и од море.  

Бидејќи нападот врз бродот од воздух, кој го симулираше руски противподморнички авион Ил-38, е успешно одбиен, почна поморски дуел со корветата „Совершени“. По овие вежби „Адмирал Пантелеев“ ќе се вклучи во маневрите во состав на ударната група бродови, а морнарите на Тихоокеанската флота наскоро ги очекува учество во големите вежби „Восток 2018“.

„Адмирал Пантелеев“ е голем противподморнички брод од проектот 1155. Името го доби по знаменитиот советски адмирал Јуриј Александрович Пантелеев. Изградбата на бродот почна во Калининград 1987 година, а беше спуштен во вода година дена подоцна. Последниот советски воен брод влезе во состав на Тихоокеанската флота на 1 мај 1992 година.

Погледнете: Ја контролираат длабочината и височината: Површинските поморски сили на руската Воена морнарица

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња