Путин танцува со невестата на австриска свадба

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Кој не би сакал претседателот на Русија да му дојде на својата свадба? Секако дека сакаше 53-годишната министерка за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсл. Во саботата, 18 август, рускиот лидер Владимир Путин дојде на нејзината свадба со 54-годишниот австриски бизнисмен Волфганг Мајлингер, кој очигледно ја има истата пасија за џудо како и Путин.

Путин пристигна на церемонијата во градот Гамлиц малку подоцна, но со подароци: букет цвеќе за невестата и група козачки пејачи. Како што се гледа на видеото, двајцата политичари дури и одиграа еден танц заедно.

Според портпаролот на Путин Дмитриј Песков, рускиот лидер помина околу еден час на свадбата. Тој им подари на младоженците стара преса за масло, традиционален руски самовар и слика со пејзаж кој го прикажува селскиот живот.  

Путин исто така одржа долга здравица на германски благодарејќи им на младоженците за поканата и за „можноста да ја посети гостопримливата Австрија“.