Претседателот на Русија Владимир Путин им раскажа на кинеските медиуми дека за роденден пиел вотка и мезел колбас со кинескиот претседател Си Ѓинпин.
„Претседателот Си Ѓинпин е веројатно единствениот од сите светски лидери со кого сум го прославил својот роденден. Моите работни обврски не ми дадоа да го славам својот роденден со моите странски колеги. А Си Ѓинпин и јас го направивме тоа“, рече Путин.
Путин и Ѓинпин во Пекинг, мај 2017.
Алексеј Никољски/ZUMAPRESS.com/Global Look PressПретседателот на Русија додаде дека испиле чашка вотка и мезеле „некаков колбас“. Путин претходно вети дека задолжително ќе го проба познатото пиво на градот Ѓинда, каде што се одржува самитот на Шангајската организација за соработка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче