7 најдобри шеги на Путин

Photo Agency
Хуморот на претседателот може да ве натера да прснете од смеење, да добиете грч во стомакот или тешко да дишете... Владимир Путин се шегува во вистински руски стил, сака смешни вицови, толку стари што „имаат долга брада“, вели тој.

Песимистот, оптимистот и стеницата

За меѓународната ситуација:

„Многу пати сум го раскажувал овој виц и не можам да не го раскажам повторно. Седат песимист и оптимист. Песимистот пие коњак и вели: Смрди на стеници! Оптимистот ја фаќа стеницата на ѕидот, ја згмечува, мириса и вели: Мириса на коњак!

Значи, иако велат дека е подобро да се биде оптимист, би сакал секогаш да сум песимист кој пие коњак, а не оптимист кој мириса стеници“.

Гасот и Германија

Или: зошто Германците одбиваат да соработуваат со Русија?

„Не разбирам зошто Германците не сакаат нуклеарна енергија. Не би сакал тоа да го коментирам, но... не разбирам како планирате да се греете? Не сакате гас и не саката да развивате нуклеарна енергија, па што правите тогаш? Ложите дрва? Дури и да е така, ќе ви бидат потребни дрва од Сибир...“

За Украина

Кристоф Лајт, претседател на Стопанската комора на Австрија во 2015 година го започна своето излагање пред Путин на следниов начин:

Лајтл: Господине претседател, Украина во 1914 година беше дел од Австриај...

Путин: Што би требало да значи тоа? Имате некаков предлог?

Лајтл: Тоа значи дека денешна Украина, по сто години...

Путин: Се плашам да продолжам да ве слушам, не знам што ќе кажете понатаму.

За односите ЕУ-САД

Ангела Меркел не е многу импресионирана од оваа приказна:

Путин: „Многу анегдоти ми паѓаат на ум во врска со ова... Што и да се случи на првата брачна ноќ, резултатот е јасен. Ме разбирате што сакам да кажам?“

Црно-бела економија

Кога го запрашаа дали економската криза во Русија е завршена, Путин повторно се сети на една шега:

„Да ви раскажам еден руски виц. Се среќаваат двајца пријатели и едниот го прашува другиот:

- Како оди животот?
- Животот е како зебра, во црно-бели линии.
- А, моментално?
- Црн,.

Се среќаваат по долго време повторно.

- Како оди животот? А, да, во црно-бели линии. А, моментално?
- Црн.
- Зарем пред половина година не рече дека е црн?
- Ех, излезе дека тогаш бил бел!

Шпионот кој самиот сакал да се предае

Путин раскажа стара анегдота од советските времиња за непредвидливоста на бирократијата и итрината на руските службеници:

Шпион влегува во Лубјанка (седиште на советската тајна полиција во Москва) и вели:

- Јас сум шпион. Сакам да се предадам.
- А, чиј шпион си?
- Американски.
- Добро, оди во собра број 5.

Тој оди во собата број пет и вели:

- Јас сум американски шпион. Сакам да се предадам.
- Имате ли оружје?
- Да, имам.
- Одете во соба број 7, ве молам.

Тој оди во собата број 7 и вели:

- Јас сум американски шпион, имам оружје, сакам да се предадам.
- Одете во соба број 10.

Тој оди во собата број 10 и вели:

- Јас сум шпион и сакам да се предадам!
- Имате ли средства за комуникации со Американците?
- Да.
- Одете во соба број 20.

Тој оди во собата број 20 и вели:

- Јас сум шпион, имам оружје, имам средства за комуникации со Американците, сакам да се предадам.
- Имате ли некоја задача?
- Имам.
- Па, одете и завршете ја! Престанете да ги вознемирувате луѓето додека работат!

Џон Кери и неговиот куфер

За време на состанокот во Кремљ со поранешниот американски државен секретар Џон Кери, Путин се посомневал во соджината на актовката на Кери.

Путин: „Секогаш ни е мило кога ќе дојдете во посета зашто состаноците се секогаш деловни и даваат шанса да направиме напредок во врските по мошне важни и сериозни прашања. Но, денес, кога Ве видов како излегувате од авионот, носејќи го својот багаж, бев малку загрижен. Од една страна, тоа е мошне демократски начин на однесување. Но, од друга страна, помислив дека ситуацијата во САД мора да е навистина лоша ако никој не може да му помогне да државниот секретар со неговиот багаж. Слушам дека економијата ви е добра и дека нема пад. Тогаш си помислив: веројатно во чантата има нешто поради кое не сте смееле никому да ја дадете. Можеби пари... да се спогодиме за клучните прашања?“

„А, сега сериозно, мило ни е што Ве гледаме, шегата настрана, најдовме некаква заедничка појдовна точка за да напредуваме по прашањето за билатералните договори и за меѓународната агенда. Добре ни дојдовте“.

Кери: „Ви благодарам, господин претседателе. Кога ќе бидеме насамо, можеби ќе ви покажам што има во чантата. Ќе бидете пријатно изненаден“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња