Како руски космонаут кој го снима своето секојдневие во вселената ги импресионира Американците

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Олег Артемјев, руски космонаут кој зад себе има веќе две мисии на Меѓународната вселенска станица (МВС), го импресионираше интернетот со својот YouTube канал. Артемјев го снима своето секојдневие во вселената и иако за него тоа е само рутина, за „обичните Земјани“ е доживување.

И покрај тоа што Олег на снимките зборува на руски, постојат англиски титлови.

Во овој видеозапис можете да ја видите најдолгата „летечка“ рута по Меѓународната вселенска станица:

Погледнете ја Австралија од отворена вселена:

Како и деталното објаснување за најважниот систем на МВС:

„Ти благодариме, Олег, за сѐ што правиш. Русија и САД можеби имаат свои проблеми, но владите не зборуваат во името на нас поединците. Ти си вистинскиот човек, го ценам сѐ она што го правиш за нашата планета и нашиот вид“, запиша еден коментатор во освртот на видеозаписите кои ги поставува на интернет 47-годишниот Артемјев.

Рускиот космонаут е роден во главниот град на Летонија – Рига. Беше инженер на лет на 39 и 40 експедиција на МВС, а 2018 година се врати во вселената како капетан на вселенскиот брод Сојуз МС-08. Погледнете ги неговите профили на Инстаграм и на Твитер.

Прочитајте повеќе: Снимање филм во вселената: RT објави прво видео со космонаути снимено во 360°