Зошто руски космонаут во вселената ќе си игра криенка-миженка со Земјата?

Екипажот на Меѓународнатa вселенска станицa (МВС)

Екипажот на Меѓународнатa вселенска станицa (МВС)

Космонаутите Скот Тингл од НАСА, Антон Шкаплеров од „Роскосмос“ и Норишиге Канаи од Јапонската агенција за аеронаутика и вселенски истражувања ќе бидат екипажот на новата вселенска мисија која полетува во орбитата со руското летало Сојуз МС-07 за неполни десет дена, поточно на 17 декември.

Членовите на екипажот ќе продолжат со експериментите кои во моментов се спроведуваат на Меѓународната вселенска станица (МВС), само што овојпат Антон Шкаплеров мора да изврши една многу специфична и забавна задача – да си игра криенка со Земјата. Антон ќе носат посебен сензор кој на Центарот за контрола на мисијата ќе му овозможи да го бара на различни места во станицата.

Шкаплеров ќе се крие од остатокот на човештвото во рамките на експериментот под назив „Визир“, чија цел е тестирање на системот за следење на космонаутите. Системот ќе се користи во случај на опасни ситуации, вклучувајќи и пожар.

„Нашата станица е вселенска куќа со големина од 110 на 70 метри“, вели Шкаплерв. „Во вонредни ситуации космонаутот може да биде блокиран во било кој дел и би можел да се најде во животна опасност. За да го избегнеме тоа, го спроведуваме експериментот „Визир“ за да луѓето кои управуваат со летот од Земјата можат во секој момент да го лоцираат космонаутот“.

Четири приемник на сигналот од сензорот ќе работат на рускиот модул „Ѕвезда“ и ќе обезбедуваат податоци за сите системи неопходни за одржување на животот на Меѓународната вселенска станица. Тие ќе ги пренесуваат информациите за локацијата на Шкаплеров на МВС. Научниците во иднина планираат да инсталираат слични предаватели на сите модули на станицата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња