Spacewalk 360 (Прошетка во вселената 360) трае само 3,5 минути, но е револуционерен. Ги прикажува космонаутите во огромниот понор како рачно лансираат сателити. Ова е првпат руски космонаути да бидат снимени со помош на 360° технологија – снимката е објавена на 3 октомври, а проектот е замисла на RT (чиј дел е и Russia Beyond Македонија).
Гледачите можат да ја видат Земјата како лебди под Меѓународната вселенска станица, како и членовите на екипажот Сергеј Рјазански и Фјодор Јурчихин, двајцата космонаути кои го снимија видеото.
Овој уникатен исечок е најдобро да го гледате со очила за виртуелна реалност. Видеото исто така е достапно онлајн како дел од колекцијата видео записи на RT снимени во 360 степени. ВР-верзијата се прикажува во Меморијалниот музеј на космонаутиката во Москва.
Spacewalk360 беше возможен само благодарение на соработката меѓу мрежата под спонзорство на државата и „Роскосмос“, руската владина агенција за истражување на вселената.
Камера за вселената
За да го сними видеото, RT мораше да создаде нова камера која може да ги преживее екстремните и брзи промени на температурата до кои доаѓа во вселената. Ова напредно парче опрема исто така мораше да биде едноставно за користење, затоа што движењата на космонаутите се ограничени поради нивните одела.
RT собра посебна група инженери кои ја дизајнираа камерата, додека „Роскосмос“ обезбеди овој нов гаџет да отпатува во вселената. Уредот изгледа како две обични GoPro камери со додадени сложени рачки.
Процесот на снимање не беше толку едноставен, затоа што космонаутите мора да ги синхронизираат и сликата и звукот, а тоа не е едноставна задача во вселената.
Екипажот беше во мисија за лансирање на пет наносателити и извршување задачи за одржување во август 2017, кога го снимија филмот. Прошетката во вселената траеше 7,5 часа, но видеото трае 3,5 минути.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче