Руски космонаут го сними Санкт Петербург од вселената

Поглед од Меѓународната вселенска станица.

Поглед од Меѓународната вселенска станица.

ZUMA Press/Global Look Press
Рускиот космонаут Сергеј Рјазански се пофали со фотографија на Санкт Петербург од Меѓународната вселенска станица

Рускиот космонаут и херој на Русија Сергеј Рјазански го сними Санкт Петербург од Меѓународната вселенска станица (МВС), соопштува „Рамблер“.

Според него, да се „улови“ градот низ објективот е тешко и бара убаво време – така што тој смета дека имал двојна среќа.

 

A post shared by Sergey Ryazanskiy (@sergeyiss) on

 

„Вчера правев фотосесија над Санкт Петербург. Да го уловиш од МВС е тешко, затоа што градот е многу високо распореден. Но во крајна мера сепак ми успеа да го „дофатам“, а и каприциозното Питерско време беше во добро расположение“.

На снимката од вселената прекрасно се гледа реката Нева. Во текот на престојот на МВС Рјазански ги сними Нијагарините водопади, Бајконур и други знаменитости на земјата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња