Командирот на 55 експедиција на Меѓународната вселенска станица Антон Шкаплеров, го реализираше првиот лет во историјата врз грбот на една правосмукалка.
Видеото придружено од звуците на хитот на Р. Кели од 1996 година „I Believe I Can Fly“ беше објавено на 20 јануари на официјалната страница на Шкаплеров на „Вконтакте“ и на „Инстаграм“.
Во објаснувањето се вели: „Постојано нѐ прашуваат дали летаме на правосмукалка во станицата? Секогаш морав да одговорам дека не сум пробал. Но сега, во текот на саботните чистење, мислев дека штом е ова мојот трет лет – време да тестирам лет со правосмукалка!“
Ова не е првпат космонаутот Шкаплеров да се забавува во вселената. За да им приреди забава на своите следачи на социјалните мрежи, тој во 2012 година свиреше на гитара на МВС за Нова година.
Шкаплеров е водач на експедицијата на МВС која започна на 17 декември 2017 и која во својот состав ги има и Американецот Скот Тингл и Јапонецот Норишиге Канаи.
А Русија минатата година ги објави плановите за трансформација на Меѓународната вселенска станица (МВС) во луксузен хотел за вселенски туристи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче