Видео: Како руските војници го прославуваат крајот на воениот рок

Начин на живеење
ИГОР РОЗИН
Припадниците на разните родови војска на руската армија навистина имаат незаборавни ритуали за одбележување на завршувањето на воениот рок пред да им се вратат на своите блиски. Погледнете!

Постојат разни начини на прослава на денот на враќањето дома од Вооружените сили на РФ. Сепак, секоја воена структура си има своја сопствена традиција до која се придржува секој војник.

На пример, припадниците на Воздушно-десантните сили ги напуштаат своите единици како одделение, одбележувајќи го нивното време поминато таму со покажување на физичките вештини.

Додека пак некои припадници на ВДВ кои се демобилизираат одделно мораат „да скокнат од воениот живот“. Еве колку чудно изгледа таа вежба...

Луѓето кои ги бранеле границите на својата земја во руската флота го „раскинуваат“ нивното воено минато и на тој начин повторно доаѓаат на свет како новородени цивили. Трчаат кон својата иднина.

Други едноставно се „лизгаат“ во новиот живот каде што ги очекуваат нивните семејства.

Прочитајте повеќе: Десет познати вицови за руската армија