Руската војска отсега има своја „Книга на рекорди”

Министерство за одбрана на РФ

На официјалниот сајт на Министерството за одбрана на Русија е отворен единствен информативен ресурс „Книга на рекорди на Вооружените сили на Русија”. Тука се наоѓаат податоци за најголемите успеси на руските војници, спортисти во состав на војската, кадети, воени научници и градежници. Вкупно се собрани 164 рекорди.

„Вооружените сили имаат со што да се гордеат. Имаме сериозни резултати на полето на деминирањето, особено на Кавказ и во Сириската Арапска Република, каде дневно се неутрализираат до илјада и петстотини експлозивни предмети. Имаме големи достигнувања во длабоководното нуркање и неговото траење, како и во траењето на автономната пловидба на подморничарите“, истакна министерот за одбрана на Русија, генерал Сергеј Шојгу.

А кога постојат рекорди, треба да постои и книга во која тие ќе бидат собрани. Во перспектива новиот информативен ресурс би требало да стане енциклопедија на руската војска.

Во моментов „Книгата на рекорди“ има 13 сегменти кои се однесуваат на различните родови војска и различни настани, на пример, „Армиските меѓународни игри“. Во нив засега се класифицирани 164 рекорди. Така можете да дознаете дека најмасовниот руски тенк не е Т-34 кој се прослави во Втората светска војна, туку Т-54.

„Сметајќи ги сите модификации (меѓу кои и странските) во периодот од 1945 до 1979 година, од фабричката лента се симнале 100000 тенкови модел Т-54”, се наведува во енциклопедијата.

Особено треба да се спомене неверојатното слетување на тешкиот транспортен авион Ан-124 „Руслан” на заледен аеродром во поларниот круг 1996 година. Како што се истакнува во збирката рекорди на руската војска, пистите покриени со мраз покрај реката Тенкели биле комбинација од лед и чакал. Во шест летови се транспортирани 602 тони руда и испорачани 462 тони намирници. Никој на светот досега нема изведена вакви летови со авиони од оваа класа.

Книгата на рекорди ќе се ажурира редовно. За тоа е потребно да се испрати пријава до командата на воениот округ со детален опис на резултатот или рекордот. Потоа комисија составена од стручњаци за одредена област официјално ќе го регистрира остварувањето. Новите резултати ќе се внесуваат во Книгата на рекорди еднаш годишно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња