Десет познати вицови за руската армија

Алексеј Куденко/Sputnik
Кој вели дека во војска не е весело?

1) Го прашува наредникот војникот:

- Иван, веруваш ли во живот по смртта?

- Молам?

- Ти дојде баба ти на посета, иако пред две недели побара отсуство за нејзиниот погреб,

2) Некој човек уловил златна рипка, а таа му вели:

- Ќе ти исполнам три желби ако ме пуштиш!

- Сакам да станам херој на Советскиот Сојуз!

Веќе следниот момент човекот стои во поле, држи бомба во рацете, а на него идат десет германски тенка...

3) Нареднику, проверете го уште еднаш досието на војникот Петрив. По секој пукање тој ги брише своите отисоци на оружјето!

4) Пред да заминам во војска спиев мирно зашто знаев дека ме чува војската. Додека бев војник спиев многу лошо зашто јас бев тој што чува. По војска престанав да спијам зашто сега знам како таа нѐ чува.

5) Вјачеслав имал најубава девојка во околината, а кога заминувал во војска сите соседи дошле да го испратат... и да се уверат дека навистина заминува.

6) Воениот лекар се обидува да дознае каков е квалитетот на водата за пиење во касарната. Наредникот одговара:

- Водата најпрво минува низ филтер.

- А, потоа?

- Потоа ја вриеме.

- А, потоа?

- Потоа, за секој случај пиеме пиво.

7) Рускиот таен агент Петров течно и без акцент зборува пет јазика, но бил откриен кога случајно го прегазиле во јавен сообраќај...

8) – Ало! Се јавувам поради мојата штала!

- Сте згрешиле, ова е ракетна база.

-... Вие сте згрешиле, а не јас!

9) Велат дека не постојат девојки кои не се убави, а момците тоа го проверуваат не по шише вотка, ами по една година помината во касарна.

10) Војниците решиле да направат будала од наредникот. Го прашуваат:

- Другар нареднику, што е потешко: килограм железо или килограм волна?

- Какво глупаво прашање! Килограм железо, секако.

- Не, нареднику, иста тежина имаат, - се смеат војниците.

- Тоа ќе мора да го докажеме. На пример, ќе ве удрам прво по глава со килограм волна, а потоа со килограм железо!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња