Знамињата на видовите и родовите во руската армија: Како изгледаат и што претставуваат?

Знаме на Воената морнарица на брод во Калининград

Знаме на Воената морнарица на брод во Калининград

Александар Подгорчук/Global Look Press
Покрај државното знаме на видеоснимките и на фотографиите од руската армија можат да се видат и многу други знамиња кои за неупатените странци не се познати. Еве кус преглед на актуелните воени знамиња.

Покрај државното знаме на видеоснимките и на фотографиите од руската армија можат да се видат и многу други знамиња кои за неупатените странци не се познати. Еве кус преглед на актуелните воени знамиња.

Воената морнарица на Русија има бело знаме со светлосин крст. Ова знаме за првпат се има појавено во царска Русија за време на владеењето на Петар Велики, кога се направени неколку варијанти.

Таканаречениот „Андреев крст (на руски „Андреевский крест“) има посебна симболика. Апостолот Андреј заедно со апостолот Петар кој е покровител на морнарите, а во Русија и покровител на државата, е првиот апостол кој ја посетил областа на Киевска Русија и Новгород. Пред Октомвриската револуција постоело и таканаречено „Георгиевско адмиралитетско знаме“ на кое покрај крстот имало и грбови. По распадот на СССР во Русија во 1992 година во воената морнарица повторно е воведено „Андреевото знаме“, но сега само со крст, без грбови.

Знамето на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација

Воздушно-космичките сили (ВКС) сè уште се прилично млада структура во руската армија – формирани се во август 2015 година кога Военото воздухопловство се обедини со единиците на Воздушно-космичката одбрана со цел спојување на функциите на воздушната и космичката одбрана во единствена структура.

Војниците со знамето на ВКС го пречекаа претседателот Путин кога во декември ја посети базата Хмејмим и го прогласи крајот на руската операција во Сирија.

Светлосината и жолтата се традиционални бои на руското воено воздухопловство, а светлосините ленти биле задолжителен детаљ на знамето на единиците за космичка одбрана. Ѕвездата со осум краци е симбол на космичките апарати, крилата и пропелерите се знак на брзина, мобилност и лет, а приказот на противвоздушниот топ се асоцира со одбраната. Според идејата на авторот, композицијата во целина претставува симбол на заштитата на Русија од напади од воздух и од космосот, а исто така и нејзина доминација во воздухот.

Војниците со знамето на ВКС го пречекаа претседателот Путин кога во декември ја посети базата Хмејмим и го прогласи крајот на руската операција во Сирија

Руски војници стигнуваат со авион од Сирија на аеродромот на Централниот воен округ, носејќи пред стројот знаме на Копнените единици.

Копнените единици на Русија од мај 2004 година имаат црвено знаме на кое е прикажана граната со два вкрстени меча. Гранатата е знак на борбената моќ на копнените сили, а мечовите се традиционален симбол на вооружената борба. Црвената боја исто така по традиција се доведува во врска со Копнените единици на Русија. Ова знаме ја замени претходната верзија која беше воведена во 2002 година.

Девојче носи знаме на Десантните падобрански единици на Руската Федерација за време на одбележувањето на празникот на овие единици во Воронеж.

Знамето на падобранците во целост одговара на нивната професија. На неа се прикажани два авиона и падобран. Светлосината и зелената боја го симболизираат мирот на небото и на земјата кои го обезбедуваат припадниците на Десантните падобрански единици.

Секако, свои знамиња имаат и многу други единици и родови на војската кои се наоѓаат во или се надвор од Вооружените сили на РФ, како и Министерството за одбрана и определени воени окрузи (Западниот, Јужниот, Централниот и Источниот). Во продолжение на оваа статија ќе ви претставиме уште неколку интересни знамиња на руските вооружени структури. Повеќе сегашни и поранешни знамиња можете да најдете тука.

Знаме на Инженерските единици на Вооружените сили на РФ (лево) во ослободена Палмира, април 2016 година
Припадниците на Росгвардија (Руската национална гарда) на прием во Кремљ, март 2017 година.
Единици за радијациска, хемиска и биолошка заштита
Свечено врачување звање. Во заднина може да се види и знамето на Надворешната разузнавачка служба, поранешното знаме на Военото воздухопловство и сè уште актуелното знаме на Стратешките ракетни единици (трето, четврто и петто одлево).
Знаме на Ракетните и артилериски единици на Русија
Единици за радиоелектронска борба на РФ

Прочитајте уште: Зошто знамето на Русија е токму онакво какво што е?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња