Книга на рекорди на руската војска: Советска подморница сѐ уште најбрза на светот

Фотографија од слободни извори

Фотографија од слободни извори

Рекордот во брзина на советската подморница К-162 (проект 661 „Анчар”), кој е поставен уште 1970 година, досега не успеа да го собори ниедна подморница на светот, се наведува во материјалот на Книгата на рекорди на Вооружените сили на Русија, објавена на сајтот на Министерството за одбрана на РФ.

Денњс најсовремените подморници под вода постигнуваат брзина од околу 30 јазли (преку 55 километри на час).

„Подморницата К-162 од проектот 661 на тестирањето на 18 декември 1970 година постави светски рекорд во брзина на подводна пловидба од 44,7 јазли (преку 80 километри на час). До денес овој рекорд не е соборен”, се наведува на порталот на рускиот воен ресор.

Оваа подморница беше направена од титаниум и, со оглед дека беше многу скапа, го доби прекарот „Златно рипче”.

Руските (советските) подморничари поставија и рекорд во спуштање на подморница на максимална длабочина. На 4 август 1985 година нуклеарната подморница К-278 „Комсомолец” (проект 685 „Плавник”) постави апсолутен светски рекорд во длабочина на нуркање: 1027 метри, објави руското Министерство за одбрана.

Најголемата длабочина на која денес нуркаат подморниците изнесува 500-600 метри.

Подморницата „Комсомолец” исто така имаше труп од титаниум.

Прочитајте повеќе: Руската војска отсега има своја „Книга на рекорди”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња