Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт изјави дека уште пред доаѓањето на Светско првенство се сомневал дека негативните написи за Русија во британските медиуми се вистинити и дека неговите сомнежи се покажале како точни.
„Начинот на кој сме примени тука, тоа е едноставно фантастично. Организацијата на турнирот е на највисоко ниво. Бев сведок дека и минатата година на Купот на конфедерациите беше исто така. Пред почетокот на шампионатот во медиумите имаше многу непријатни приказни. Уште тогаш се сомневав во нивната вистинитост за подоцна да се потврди дека сум бил во право“, рече на конференцијата за новинарите Саутгејт, кој првпат од 1990 година го доведе својот тим до полуфиналето.
Селекторот на англиската екипа додаде дека шампионатот беше „многу интересен“.
Фудбалската репрезентација на Англија вечерва игра во полуфиналниот натпревар на Светското првенство на московскиот стадион „Лужники“ против селекцијата на Хрватска. Во вториот дуел од полуфиналето Франција ја победи Белгија и на тој начин си обезбеди финале.
Англиските навивачи претходно признаа дека несогласувањата меѓу Москва и Лондон не ги спречиле Русите срдечно да ги примат странските гости и престојот на Светското првенство во фудбал го опишаа како журка.
Сега веќе надалеку познатиот англиски навивач Тео сними и на интернет објави видеоклипови во кои се занимава со разбивање на митските претстави за Русија.
Навивачот на англиската репрезентација Мет Мејбери кој порано се врати дома остро им замерува на британските медиуми за пропагандата против Русите, изјавувајќи дека треба да се срамат поради тоа. Како што иронично забележа на својот профил на „Твитер“, тој „по две недели се врати дома жив, не го изедоа мечки, не го отруја и не го убија, а не го нападнаа ни гадни хулигани“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче