„Знам дека овде била битката за Сталинград. 1942 или 1943? Знам дека градот сега се вика Волгоград. Го посетивме и музејот и беше интересно“, вели еден навивач кој допатува во Волгоград на натпреварот Англија-Тунис.
Британските медиуми постојано ги предупредуваа навивачите да не одат во Русија на СП во фудбал, затоа што тоа наводно ќе биде ризично. Англичаните сѐ уште не можат да ја заборават средбата со руските ултраси во Марсеј на Европското првенство 2016. Но Британецот Енди Бредшоу кој учествувал во тие настани сега е во Русија и вели дека тоа е само историја и дека Русите се „прекрасни луѓе“. Тоа го потврдува и 19-годишниот Алекс Пирс: „Сѐ е на ниво. Вчера разговарав со руски навивач кој има тетоважа „Марсеј 2016“, но сѐ што сега сакаше да направи е да ме гушне“.
Русите срдечно ги дочекаа англиските навивачи на СП во фудбал, пишува сега и британски „Индепендент“ во својата репортажа од Волгоград.
Во Русија допатуваа помалку англиски навивачи отколку што се очекуваше и само поради паниката што ја кренаа британските медиуми. „Моите пријатели рекоа дека нема да дојдат во Русија по сѐ што прочитаа за неа“, вели 22-годишниот навивач Џејмс Пембл од Кент.
А Џејмс Локет (43) во разговор со дописникот на „Индепендент“ вели дека не бил подготвен на толку убав дочек во Волгоград. Англичанецот сега сака да дознае колку што може повеќе за градот и планира да го посети Мамаев курган.
„Многумина локални жители дојдоа во фан зоната во маички на англиската репрезентација или на англиски клубови, а некои пееја англиски навивачки песни. Британците со задоволство се приклучија и ги пееја со Русите истите песни“, пишува „Индепендент“.
Вториот натпревар на СП во Русија Англичаните го играат на 24 јуни во Нижни Новгород.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче