Видео: Руски полицаец ги воодушеви странските навивачи со мајсториите со топка

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Global Look Press

Припадник на руската полиција во Ростов на Дон жонглираше со топка 40 пати и доби огромен аплауз од странските навивачи. За тоа посведочи видеоснимката што денеска се појави на социјалните мрежи.

Необичниот мастер клас овој руски чувар на редот и мирот го одржа на кејот на левиот брег на Дон. Како што се наведува, „уругвајските навивачи воодушевено ја следеа акцијата, одбројувајќи го секој допир и на крајот полицаецот беше награден со овации за мајсторското жонглирање со топката“. На стадионот „Ростов Арена“ за утре е закажан натпреварот од групната фаза на Светското првенство во фудбал во кој силите ќе си ги одмерат репрезентациите на Уругвај и Саудиска Арабија.

Прочитајте повеќе: Од големата радост на Швеѓаните во Нижни Новгород не остана ни капка пиво!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња