Русин на англиски разбивач на митови за Русија му подари билет за полуфиналето Англија-Хрватска

Скриншот

Навивачот на англиската репрезентација Тео Огден доби од еден Русија билет на подарок за дуелот од полуфиналето на Светското првенство во фудбал во кој играат репрезентациите на Англија и Хрватска.

Пресреќен, најпрвин не можеше да поверува дека ќе може да присуствува на полуфиналниот натпревар на неговата репрезентација благодарение на руски навивач. По средбата со репрезентацијата на Шведска во која Англичаните победија со резултат 2:0, Тео веќе се подготвуваше да се врати дома бидејќи немаше билет за полуфиналниот натпревар. На својот блог, сепак, тој остави порака во која побара помош околу набавка на билет. Му одговор Русин по име Макс, кој не само што му понуди билет, туку таа услуга не му ја ни наплати.

Тео, кој, како и неговиот татко Стефан Огден е „Јутјуб“ блогер, сними видео обраќање во кое му се заблагодари на Русинот, а жителите на Русија ги карактеризира како импресивни и великодушни луѓе.

Тео и Стивен Огден претходно станаа јунаци на шоуто „Вести на неделата“ на руската телевизија кога ги изнесоа впечатоците кои Русија им ги оставила за време на нивниот престој на СП. Тие веќе снимија неколку видео клипови во кои зборуваат каква е всушност Русија. Во тие материјали Британцитете ги повикуваат своите сограѓани да не ги слушаат тамошните медиуми и да дојдат во Русија на планетарниот турнир во фудбал.

На еден од неговите видео записи Тео и неговиот татко ги разбиваат  митовите за Русија. Пред сѐ, како што наведуваат, во текот на нивниот двонеделен престој во Русија тие никогаш не наишле на фудбалски хулигани за кои беа предупредени од британските медиуми и нивните познаници и сонародници. Покрај тоа, таткото и синот истакнуваат дека не нашле потврда за митот дека Русите никогаш не се насмевнуват. Напротив, Тео вели дека се запознал со многу внимателни и добри луѓе во Русија. Тео и неговиот татко го доведоа во прашање и митот за мрачната и неинтересна Русија, наведувајќи колку интригантни нешта виделе додека патувале по руските градови. На крајот, тие изразуваат голема благодарност до Русија за срдечниот прием.

Прочитајте повеќе: Англиските навивачи пријатно изненадени од Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња