На социјалната мрежа „Инстаграм“ се појавија снимки од „река“ шведски навивачи кои по пласирањето во осминафиналето на Светското првенство во фудбал излегоа на прошетка по улиците на Екатеринбург скандирајќи „Благодариме, Русијо“.
Швеѓаните со победата над Мексико од 3:0 во натпреварот што се играше завчера на „Екатеринбург арената“ обезбедија пласман во нокаут фазата. Нивниот нареден дуел на програмата на Мундијалот е на 3 јули во Санкт Петербург против селекцијата на Швајцарија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче