Приведениот англиски навивач: Се вљубив во Русија и сакав да напишам нешто за спомен на споменикот

Reuters

Московската полиција го приведе навивачот на репрезентацијата на Англија Хол Руфус поради сквернавење на споменикот на Фјодор Черенков, напаѓачот на московскиот фудбалски тим „Спартак”, кој се наоѓа во состав на истоимениот стадион познат и како „Откритие Арена”, соопштуваат медиумите.

Руфус на градите на скулптурата на рускиот фудбалер напиша England (Англија), а навивачите подоцна го избришаа натписот.

Приведениот англиски навивач им се извини на навивачите на „Спартак”, изјавувајќи дека неговиот единствен мотив бил да остави „нешто за спомен”, некаква трага за својот престој на Светското првенство во фудбал. Тој додаде дека за два дена се вљубил во Русија и дека не би пишувал на споменикот доколку знаел дека тоа може да предизвика реакции.

„Жал ми е и се срамам. За два дена колку што сум во Русија се вљубив во оваа земја. Луѓето се гостопримливи. Ја почитувам историјата и никогаш не би го направил ова доколку знаев дека ќе ги навредам луѓето. Се извинувам“, рече Руфус, пренесуваат медиумите.

Според последните информации, Тушинскиот суд во Москва го казни Руфус прекршочно поради нарушување на правилата за однесување на публиката при одржување на официјални спортски натпреварувања со три илјади рубли, но не му забрани да посетува спортски манифестации. Англискиот навивач ја плати казната и му ја достави на судот потврдата.

Прочитајте повеќе: Англиските навивачи пријатно изненадени од Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња