Андреј Аршавин ги оцени шансите на репрезентацијата на Русија во преостанатиот дел на Мундијалот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Андреј Аршавин, во свое време најдобриот стрелец на репрезентацијата на Русија, а можеби и најдобриот фудбалер во историјата на модерна Русија, сега напаѓач на казахстански „Кајрат“, кажа што очекува од руската репрезентација во понатамошниот настап.

Аршавин смета дека од сите репрезентации кои се изборија за четвртфиналето, Русија има најмали шанси.

„Но, сѐ е можно. Ако Русија можеше да ја победи Шпанија, можеби ќе може и другите тимови. Мислам дека Хрватска е многу силен и сериозен противник и на руската репрезентација ќе ѝ биде тешко како и во натпреварот со Шпанците“, вели овој руски фудбалер.

Тој исто така ги оцени и руските фудбалери и особено ја нагласи улогата на голманот.

„Нема да ви откријам тајна ако кажам дека Акинфеев е најдобриот руски голман последниве 20 години. Фудбалерите се дисциплинирани, физички подготвени, а тука е и неверојатната поддршка од навивачите. Сето тоа овозможи Русија да дојде д четвртфиналето“, вели Аршавин. И додава дека би сакал светски шампиони да станат Русите или Бразилците.

Прочитајте повеќе: Головин: Ќе настојуваме на Хрватите да им ја наметнеме нашата игра